Потпретседател на ПЦЕР

Аксел Ахмедовски

Роден на 16.12.1964 година во Делчево. Средно образование завршува во УЦСО „М. М. Брицо“. Високо образование завршува на универзитетот „св. Кирил и Методиј“ на правниот факултет „Јустинијан I“ во 1991 година. Оженет, татко на две деца.

Прво работно искуство стекнува во АД „Палтекс“ во Кичево, каде што работи како правник од 1996 до 1998 година. Стажира во основниот суд во Делчево до 2000 година, положува правосуден испит истата година. Во 2001 година отвора сопствена адвокатска канцеларија која сеуште овозможува услуги кон граѓаните на Делчево.

Адвокат за правата на Ромите

Претседател бил на невладината организација „Kham“ од Делчево која била учесник на голем број проекти од областа на правична застапеност на Ромската заедница во Р. Македонија. Како и правично судење, справување со излезот на Ромите од државата и нивната дискриминација при истата и следење и известување за прекршување на правата на Ромите.

Аксел смета дека како човек со искуство во областа на правото, најмногу би можел да допринесе со неговото познавање за прекршување на правата на Ромите во Р. Македонија во министерството за правда или внатрешни работи каде што одговорна функција раководена од Ром би можело да значи промена и правда.