Генерален секретар на ПЦЕР

Хасан Идризи

Роден на 31.12.1957 година во Тетово. Високо образование завршува на универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје при филозофскиот факултет, оддел одбрана и заштита во 1983 година.

Една година по завршување на своите студии, се вработува како професор во неговиот роден град како професор по предметот одбрана и заштита во средното училиште „Ѓоце Стојчески“ каде што работи и денес.

Член е на ПЦЕР уште од неговите сами почетоци. Станува личен советник на претседателот Самка Ибраимоски во 2002 година. Во 2016 година ја превзема функцијата генерален секретар на ПЦЕР.

Од 2006 година до денес е надворешен соработник на бирото за развој на образованието за припрема на наставна програма од национално ниво на Ромски јазик при министерството за образование и наука.

Активист за еманципација на Ромите

Член е на неколку невладини организации и бил учесник и координатор во повеќе проекти и семинари за унапредување на состојбата на Ромите во Р. Македонија.

Како татко и професор во средно училиште секојдневно е во непосреден контакт со млади луѓе кои се загрижени за нивната иднина и место во оваа држава. Постојано ги советува дека со напорна работа и труд нивната иднина е светла.

Хасан има визија за интегрираност и целосна еманципираност на Ромскиот народ во регионот. Како човек со големо искуство - животно и професионално, тој се надева на подобро утре за неговите 4 деца и нивните врсници кои претставуваат иднината на нашата држава.

Подобро утре во кое ќе живееме во мир и хармонија со сите етнички заедници, општество во кое што младите полесно ќе најдат работа за да си овозможат финансиска стабилност за да основаат семејство.