Потпретседател на ПЦЕР

Музафер Бајрам

Роден на 22.10.1983 година во Скопје. Високо образование завршува на универзитетот „св. Кирил и Методиј“ на правниот факултет „Јустинијан I“. Моментално е магистрант по граѓанско право на истиот факултет. Оженет, татко на две деца.

Првото работно искуство го стекнува во невладината организација „ЛИЛ“ во Скопје, каде што е ангажиран за проектите: „Цивилна регистрација на Ромите“ и „Социјална заштита на Ромите“.

Неговиот приправнички стаж го извршува во адвокатска канцеларија „Мирослав Вуиќ“ кое трае се до неговото вработување во владата на Р.М.

Од 2011 година до 2015 година работи во секретаријатот за спроведување на рамковниот договор при владата на Р. Македонија. Од 2015 година до сега работи во министерството за животна средина и просторно планирање, сектор за Европска Унија.

Урбан професионалец

Член е на ПЦЕР уште од неговата 18-та година, каде што набрзо станува претседател на младината. Од тогаш бил дел од сите политички кампањи на ПЦЕР. Во 2016-та година го избираат за потпретседател на партијата. 

Учесник бил на неколку телевизиски дебати и дуели каде што ги застапува интересите на Ромскиот народ и ја критикува слабата ангажираност и незаинтересираност на владеачките Ромски партии.

Се надева на поголема вклученост на Ромите во општеството и поголема застапеност во јавните и државните институции. Зголемени квоти за вработување на Роми со средно и високо образование и квоти за Роми со само основно образование.

Овозможување на посебна агенција за Ромски прашања, предводена и организирана исклучиво од Роми, со свој сопствен буџет и реализирање на проекти кои се од основна и итна потреба за Ромскиот народ. И поголем број Роми управители на државни и јавни институции.