Потпретседател на ПЦЕР

Мухамед Алоски

Роден на 18.10.1958 година во Кичево, уште од најрана возраст чуствува како е да си припадник на најзагрозената етничка заедница во тогашна Македонија како сојузна држава во Југославија.

Уште од неговите тинејџерски денови организирал собири и протести за остварување на вклученоста на Ромите во државата.

Ја формира невладината организација „Месечина“ во 1998 година во Кичево, како нејзин претседател Мухамед остварува низа проекти за подобрување на животот на Ромите во неговиот роден град.

Во 2008 година ја превзема функцијата претседател на огранок Кичево, одговорност која ја извршува стоично и беспрекорно. На седмиот конгрес на ПЦЕР во 2016 година делегатите го избираат за потпретседател на партијата за целосна еманципација на Ромите.

Почитуван од неговиот народ

Мухамед е еден од најпрепознатливите ликови во неговиот роден град Кичево. Не само што е познат по неговиот активизам, тој е почитуван и заради неговата мудрост и животно искуство кое несебично го споделува со сите негови жители кога им е потребен совет или некоја помош.

Член е на комисијата за односи со заедниците во Кичево од 2011 година. Учесник бил и на голем број обуки, семинари и работилници.

Се надева на подобар живот за неговиот Ромски народ во Кичево, кој секојдневно се бори со сиромаштија и голема невработеност.

Негова лична цел е да овозможи што е можно поголемо вработување на млади Роми од неговиот роден град. Да ја спречи потребата за азил на неговите сожители во Кичево и да се спречи делбата на цели семејства кои се приморани да ја напуштат оваа наша татковина.