Претседател на ПЦЕР

Самка Ибраимоски

Станува претседател на партијата за целосна еманципација на Ромите на четвртиот конгрес каде што ја добива поддршката од делегатите на партијата.

Роден е на 27 септември 1954 година. Високо образование завршува на универзитетот „Привредна Академија“ во Нови Сад при факултетот за менаџмент. Станува претприемач на неколку успешни фирми, каде што најголем дел од вработените се Роми.

Загрижен за лошата состојба на Ромите во Македонија, започнува да се занимава со политички активизам и станува третиот претседател на ПЦЕР.

Човек со искуство

Во 2004 година во тогашната влада предводена од коалицијата на СДСМ станува заменик министер за труд и социјална политика, на функцијата останува до 2006 година.

Во периодот од 2006 до 2008 година се враќа како менаџер во сопствената фирма „Униус Ис“. Функцијата директор ја извршува во прифатниот центар за баратели на азил од 2008 до 2011 година.

На предвремените парламентарни избори во 2011 година станува пратеник, функција која ја извршува до 2015 година. Во истиот период Самка Ибраимоски беше прогласен за најмногу активен пратеник во собранието, со најголем број излегувања.

Организатор на граѓански протести

Во период кога беше навреден интегритетот на Ромскиот народ, каде што не добивме јавно извинување за навредите, ниту реакција од останатите Ромски партии на власт. Загрижени за своите функции и бизнис интереси не им пречеше зборот “цигани“, не им пречеше што не “влечеа за уши“, се додека секојдневно се соочувавме со вистинска дискриминација на граничните премини, каде што бевме враќани само заради нашата боја на кожа, малцинско потекло и ниска социо-економска положба предизвикана токму од нив. Единствено Самка Ибраимоски се осмели да му пркоси на режимот со организирање на неколку протести пред владините институции заедно со храбри граѓани кои решија да му кажат на режимот ДОСТА!

Со надеж за подобро утре за сите

За остварување целосна еманципација

Личната идеологија на Самка Ибраимоски е иста како и таа на самата партија. Само со соживот и меѓусебно разбирање и почитување на нашите различности Р. Македонија ќе стане вистински предводник за еднаквоста, правата и слободите на сите етнички заедници.

За да ја оствариме нашата цел за целосна еманципација треба долг и макотрпен пат да изодиме, бидејќи само со финансиска независност, информираност и вклученост во општеството ќе постигнеме целосна еманципација.

Затоа дојдете и придружете ни се во нашата заедничка цел - за подобро утре за сите нас. Opre Roma!