Претседател на МЦЕР

Сенад Бајрамовски

Роден на 07.10.1985 година во Кичево, Сенад е еден од најголемите активисти за Ромски права во неговиот роден крај.

Член е на неколку невладини организации: „Визио“, „Црвен крст“ и „Месечина“. Основач е на локален младински совет во Кичево.

Откако станува член на ПЦЕР заради неговиот активен ангажман во партиските активности набрзо станува заменик претседател на МЦЕР на седмиот конгрес на партијата. Една година од конгресот, ја превзема одговорноста како претседател на МЦЕР.

 

Организатор и учесник на протести

Сенад беше главниот организатор во Кичево за антидискриминаторските протести во 2015 година. Во период кога Ромите се плашеа да излезат на протест стравувајќи од одмазда од режимот, тој успеа да убеди голем број од своите сограѓани да излезат и да го изразат својот револт.

Знае од прва рака како е да бидеш дискриминиран од државата, лично тој беше вратен од граница само заради неговото етничко потекло и политичка определеност. Се надева дека некогаш младите Роми во државата ќе можат да излезат од овој ќорсокак, кој не само што не им овозможува перспектива дома, туку не им дозволува ниту да излезат од неа.